Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес - Елизабета Митревска Анѓелеска 04.3.2024

Опубликовано: 15 Июнь 2025
на канале: ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес
115
4

Почитувани, СДС со лаги сакаат да го прикријат сопствениот неуспех!

Во отсуство на нереализирани ветувања и паника од казната на народот која следи на предстојните претседателски и парламентарни избори, СДСМ одлучи да се занимава со извртување на фактите и манипулации, а со главна цел да ја оцрни работата на градоначалникот Марко Колев и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ која има сериозна поддршка од граѓаните.

Пред два дена во јавноста беше пласирана прес конференција на советничка во која тврди дека Општина Велес се задолжила со нов кредит за да обезбеди финансиски средства за реконструкција на улиците околу градскиот пазар – Петре Прличко, Нада Бутникошарова и Кресненско востание.
Имено, на 35. Седница на Советот на Општина Велес која се одржа на 26.05.2023 година како 12 точка на дневен ред беше поставена и едногласно изгласана програма за развој за реконструкција на гореспоменатите улици. Ова значи дека лично тие ја поддржале развојната стратегија, која предвидува реконструкција на улиците за што Општината ќе плаќа на рати од сопствени средства и без камата.
Не станува збор за никакво задолжување во вид на кредит кое што граѓаните на Велес треба да го враќаат со камата како што тврди советничката, туку домаќинското работење на Општината и речиси 100% реализација на приходи во изминатите години овозможи Општина Велес да може самостојно да го финансира овој проект.

Во однос на квалитетот на градежните зафати неблагодарно е воопшто и да се зборува на незавршена работа, уште помалку кога оваа локална самоуправа во изминатите две години покажа што значи грижа и инвестиции во патната инфраструктура, односно реконструкција на десетици улици во сите делови на Општината, нешто што велешани не го виделе од ниту едно претходно раководство.

Почитувани,власта на која и се потребни 8 години да доврши веќе половина изграден автопат од 57 километри, нема за право да критикува и манипулира со факти само за да добие евтини политички поени. Треба да се засрами и да даде одговор на прашањето каде отидоа народните пари во сите овие години од нивното владеење, зошто очигледно е дека не направија ништо, освен што не понижија како народ и држава, но што е уште пострашно со нивното недомаќинско работење ја задолжија државата и неродените генерации за едно големо НИШТО!

Се бројат деновите кога оваа измеќарска власт на СДСМ заедно со нивните господари од ДУИ ќе си заминат во историјата и никогаш повеќе нема да се повторат. На Македонија и на Велес им е потебно лидерство што носи промени!